Опозициската ДПМНЕ нека обвинува, крушевската локална самоуправа и натаму ќе ги реализира ветените проекти

Опозициската ДПМНЕ нека обвинува, крушевската локална самоуправа и натаму ќе ги реализира ветените проекти

Пишува: Сотир Габелоски

ДПМНЕ Крушево може да продолжи да става „ексклузивни“ имиња на нивните, демек, кривични пријави, а локалната самоуправа ќе продолжи со тоа што и’ е работа – да имплементира проекти.

Навистина е смешно. Смешно е што оние кои припаѓаат на времето кога цутеа криминалот, уцените ии заканите и кои никогаш не се оградија од него, својата прерано започната кампања да ја базираат на обвинувања за криминал. Не е страшно да се обвинува функционер за злоупотреби, страшно е што овие, опозиционерите, кои се ставаат во позиција на судии и обвинители, со своите постапки само покажуваат дека, ако некогаш повторно дојдат на власт, не би правеле ништо поразлично од она кое што го правеа до пред 4 години.

Ставањето на имиња на „предмети“ по примерот на нивниот сопартиец и екс градоначалник од Битола, го покажува нивното искуство во судење по принципот на „тефтерчето на Горде“. Нивните соопштенија се истовремено и обвиненија и пресуди.

Од друга страна, пак, тие не знаат за проекти и решавање на проблеми. Во нивните годишни отчети преземаа проекти иницирани и имплементирани од ученици во крушевската гимназија. Веројатно само за да го пополнат просторот во скапо платените пропагандни тетратки, кои и онака никој не ги чита.

Кога ќе размислам подобро, не е само до наративот кој го имаат како партија – да лажат и манипулираат, да злоупотребуваат лични судбини за политички профит – туку и немаат што да кажат. Барем не во Крушево. Не можат да кажат „не сте ја реконструирале спортската сала“, кога истата онаа која тие ја руинираа, доживеа комплетна преобразба. Не можат да кажат „не сте направиле резервоари, цевководи и канализации“, кога во неколку населени места се гради инфраструктура. Не можат да кажат „не градите и не реконструирате патишта“, кога се реконструираат улиците кои поминуваат пред нивните домови, а се изградија нови општински и меѓуопштински патишта. Не можат ништо да кажат, па затоа лажат и се залажуваат дека така ќе профитираат.

На крајот на денот, на луѓето им е смачено од секојдневни меѓупартиски препукувања. Тоа не ги интересира, затоа што тоа на нитуу еден начин не го подобрува нивниот живот. На луѓето им треба слух за барањата, им треба реализација на проекти ветувани со години, им требаат пристапни патеки до нивните домови, им треба редовно водоснабдување, им треба се’ освен препукување на партиска основа.

На граѓаните им требаат партии и политичари кои ќе бидат повеќе свесни за нивните потреби, а помалку за сопственото „јас“ и личното его.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …