Општинското основно училиште „Блаже Конески“ од општина Аеродром, забрзано се подготвува за стартот на новата учебна година. Деновиве се вршат санации, реконструкции, молерисување на дел од училниците и ходниците, заменување на старите светилки, како и други тековни работи за одржување на училишните објекти.
Целта на овие активности е обезбедување подобри услови како за учениците, така и за наставниците при изведување на наставата.