Општина Битола: Својата безидејност ВМРО-ДПМНЕ ја покажува со крајно непознавање на законската регулатива

Општина Битола: Својата безидејност ВМРО-ДПМНЕ ја покажува со крајно непознавање на законската регулатива

Реакција на Општина Битола на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:

Неможејќи да се помират со се поголемите инфраструктурни зафати, како и со успешното решавање на наталожените проблеми кои ги оставија зад себе од комуналната и други сфери, својата безидејност од ВМРО-ДПМНЕ ја покажувата со крајно непознавање на законската регулатива, при тоа измислувајќи проблем таму каде што го нема.

За појаснување на јавноста, кандидатот Александар Ангелески е примен на позиција командир на одделение, согласно законската регулатива, поточно според важечкиот Закон за пожарникарство.

Цитирајќи несуштински и општи членови и ставови од Законот, ВМРО-ДПМНЕ сака да внесе забуна кај јавноста. Критериумите за избор на кандидатот се дадени во чл. 11Б, став 12.

-Според овој член, за нивото Б4 на кое е примен кандидатот Александар Ангелески, пропишани се 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО, 4 степен, или најмалку вишо или средно образование. Примениот кандидат има факултетско образование.

-Во истиот член се наведува дека за работното место класифицирано под Б4, потребно е најмалку 3 годишно работно искуство во струката, евидентирано во Агенцијата за вработување како работен стаж. Ангелески има над 9 години работно искуство.

Изборот на Ангелески за позицијата Б4 го изврши комисија, согласно законските прописи, а не градоначалничката Наташа Петровска.

Овој таканаречен „атак“, или испад на ВМРО-ДПМНЕ кон градоначалничката Наташа Петровска и локалната самоуправа, уште еднаш претставува само неуспешен обид во кој нема суштина, туку само „бомбастичен наслов“ за привлекување на новинарите и јавноста. Суштината, не се заснова ниту на законска процедура, ниту на принципи на работа.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …