Општина Делчево и волонтери заедно во разубавување на градот

Општина Делчево и волонтери заедно во разубавување на градот

По повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември, Општина Делчево организира акција за разубавување на градот. Во акцијата масовно се вклучија волонтери од ПСК „Голак“ Делчево, од ОО на Црвениот крст, како и членови на други здруженија на граѓани од Делчево, а помош добиваат и од екипи на ЈКП „Брегалница“ Делчево.  Акцијата опфаќа санација и бојадисување на урбаната опрема, канделабри, огради на  мостовите, како и обновување на спортските и детските игралишта и реквизитите, но и заштитните огради. Потребните материјали и средства ги обезбеди Општина Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски изрази задоволство од интересот на младите, но и на повозрасни членови од НВО-секторот во градот за вклученоста во акцијата.

-Оваа акција претставува поттикнување на волонтеризмот во Општината, грижа за општинските добра. Горд сум на младите и нивниот интерес за вклучување во акцијата. Заедно  испраќаме порака дека секој поединец носи одговорност за тоа како ни изгледа градот. Општината е отворена за соработка и за идеи кои ќе придонесат градот да ни е поубав и почист, рече Трајковски.

Трајковски најави дека вакви и слични акции ќе се организираат и наредниот период.

Инаку, Општина Делчево досега има организирано неколку акции кои водат до истата цел- почист и поубав град ,како акции за расчистување на дивите депонии и акција за пошумување на централното градско подрачје со масовна вклученост на волонтери од градот.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …