Општина Делчево ја организираше првата обука за родова сензибилизација

Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените.

Обуката е  Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, на тема „Со едукација до родова сензибилизација на наставниот кадар од општинските основни и средни училишта заради давање личен пример и индиректна едукација на учениците“, а едукатор е д-р Марија Ристеска, експерт од областа на родовите политики, директор на  директор на Центарот за истражување и градење родови политики-Скопје и член на UN Women.

Д-р Ристеска изрази задоволство што Општина Делчево самостојно и без поддршка од надворешни институции или организации го спроведува Законот за еднакви можности.

Ова е една од шампионите општини, бидејќи без помош и поддршка од надворешни организации, институции или меѓународна помош, го спроведуваат Законот за еднакви можности на начин на кој и самиот Закон тоа го бара, а тоа е да се развијат политики, акциски планови и програми кои ќе ја подигнат родовата еднаквост на општината. Оваа мерка која ја спроведуваме е посебна мерка со која се подигнува свеста и знаењето на целиот наставен кадар во Општина Делчево за родовата еднаквост. Наша цел е да го подигнеме знаењето за родовите концепти,  да разговараме за методите и начините како да се справуваат со родовите стереотипи во училиницата и на кој начин да воспоставуваат  еднакви односи помеѓу момчињата и девојчињата, истакна Ристеска.

На обуката беше потенцирана родовата интеграција во образованието, националните норми за родова интеграција и институционалната рамка, како и ревизијата на знаењата за родовите концепти.

Учесниците на обуката од Општина Делчево ќе добијат сертификати за учество.

Инаку, во Буџетот на Општина Делчево од формирањето на КЕМ, годинава за прв пат се одвојуваат средства за реализација на активности предвидени согласно со стратешките планови за родова еднаквост меѓу мажите и жените на Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …