Општина Делчево ќе финансира над 5 милиони денари за изградба на градска капела

Општина Делчево ќе финансира над 5 милиони денари за изградба на градска капела

На 24 Седница на Советот на Општина Делчево, делчевските советници едногласно ја поддржаа Одлуката за кофинансирање на Општина Делчево во проектот за изградба на капела во Делчево во висина од над 5 милиони денари.  

Согласно со донесената Одлука, проектот „Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница -КАПЕЛА со ладилник и помошни простории“ во Делчево,  Општина Делчево ќе се имплементира преку Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност во рамки на Министерството за финансии на Република Македонија, Влада на Република Македонија. Вкупната вредност на проектот е 7.364.136,11 МКД со вклучен ДДВ, грант-  средства кои се обезбедени од Компонента В: Грантови за успешност се во висина од 1.852.635,00 МКД, средства во висина од 5.178.026.8 ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Делчево за 2019 година.

Освен оваа Одлука, советниците денеска го усвоија Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019, a едногласно донесоа Одлука за отворање донаторска сметка на Општина Делчево за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“.

На Дневниот ред денеска пред советниците беше и Одлуката за давање согласност на Градоначалникот на Општина Делчево за нарачка на Елаборат за ажурирана геодетска подлога за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) на град Делчево, Одлука за давање согласност на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево, Одлуката за давање согласност на Статутот на ЈКП „Брегалница“-Делчево, усвојувањето на Тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2019-31.03.2019 година, како и одлуки од областа на урбанизмот.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …