Општина Крушево: Се асфалтира патот меѓу населените места Јакреново и Саждево

Општина Крушево: Се асфалтира патот меѓу населените места Јакреново и Саждево

Денеска започна асфалтирањето на патот кој води од населеното место Јакреново до село Саждево, а градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски заедно со жителите на двете села беа на увид во почетокот на работите.

„Денеска започнавме со асфалтирање на нов локален пат од с.Јакреново до с.Саждево. За нас зборот важи! На прав пат сме да направиме и реализираме многу повеќе проекти кои се во интерес на моите сограѓани, тоа е наша обврска“ рече Христоски.

Проектот е во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на подрачјата со специфични развојни потреби, преку Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. За оваа намена Владата на Република Северна Македонија оддели 2.199,541 денари.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има

Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има

На брифингот посветен на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што се одржа во Владата, …