Општина Прилеп домаќин на работната средба на учесниците во Програмата на Еразмус +

Ученици и наставници од ООУ “Гоце Делчев“, заедно со своите гости од партнерските училишта од Латвија, Данска, Италија и Турција кои се дел од проектот на програмата Еразмус +, денеска ја посетија Општина Прилеп. „Најголеми закани за животната средина и како да се справиме со нив“, беше темата на која се дискутираше на денешната работна средба.

Поздравувајќи ги гостите, градоначалникот Илија Јованоски посочи дека Општина Прилеп активно работи на имплементација на мерки за заштита на животната средина.

„Општина Прилеп се залага екологијата да биде еден од приоритетите во нашето работење, заради што во континуитет преземаме мерки да ја заштитиме животната средина, да имаме чист воздух и чиста и здрава вода за пиење. Во 2018 ја пуштивме во употреба пречистителната станица за отпадни води, со што добивме поквалитетна и почиста вода за наводнување на земјоделските и градинарските култури. Во сите градинки, основни и средни училишта се погриживме да ја регулираме енергетската ефикасност со промена на дограмата и поставување на фотоволтаици, а минатата година набавивме 4 автобуси на метан. Во 2018 година нашата општина беше прогласена за најдобра еколошка Општина, додека градот е лидер во примарната селекција на отпад. Оваа година Советот на општина Прилеп оддели средства за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди а и во иднина Општина Прилеп ќе продолжи со подобрување на животната средина“, посочи градоначалникот Јованоски.

Билјана Ѓоргиеска, координатор на проектот од  ООУ „Гоце Делчев“, вели дека проектот има за цел да докажи колку обновливата енергија како зелена енергија,зема активно учество во животите на луѓето.

Учесниците во проектот на Еразмус + имаа можност да ја проследат и видео презентацијата на дадената тема, која ја презентираше Овластениот инспектор за животна средина во Општина Прилеп, Цветанка Николоска.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …