Општина Прилеп го одбележа 22 Април, Денот на планетата Земја

По повод Денот на планетата Земја, 22 Април, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателката на општинскиот Совет, Еленче Ташкоска и директорот на ЈКП „Комуналец“, Сашо Велески, денеска Во Паркот на револуцијата засадија дрвца, со што на симболичен начин го одбележаа денешниот ден.

Фактот дека повеќе од половина од светското население живее во урбаните средини, придонесува за влошување на климатските промени. Она што како препорака стигнува од релевантните светски организации, е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија, да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Денот на планетата Земја е воспоставен во 1970 година, со цел повторно воспоставување контакт на човекот со природата, односно да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Инаку, 22 април се одбележува како Ден на планетата Земја на предлог на тогашниот американски сенатор и екологист, Гејлорд Нелсон.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …