Општина Прилеп го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Општина Прилеп го одбележа Денот на македонската револуционерна борба

Со положување свежо цвеќе пред спомениците на Пере Тошев и Ѓорче Петров, Општина Прилеп го одбележа 23.Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Честитајќи го празникот, градоначалникот Илија Јованоски посака овој ден да значи помирување и обединување на сите граѓани на нашата држава.

„Сакам да го честитам денешниот празник на македонската револуционерна борба и на сите граѓани од Република Македонија да им посакам обединување и помирување. Во овие политички моменти кои се предизвик за нашата држава, треба да најдеме можност да се обединиме и заедно да ја градиме нашата европска Македонија“, изјави градоначалникот Јованоски.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …