Општина Прилеп го распиша јавниот повик за распределба на средства на здруженија на граѓани

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп, (“Службен гласник на општина Прилеп” бр. 4/2009), Општина Прилеп објавува

Ј А В Е Н   П О В И К  бр. 01/2019

За прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2019 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.

Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита и спортските клубови, своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2019 год. да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Прилеп за 2019 година, наменети за финансирање на програмските активности на Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на општина Прилеп, донесен од Советот на општина Прилеп и објавен во Службен гласник на Општина Прилеп бр.4 од 03.03.2009.

Средствата на Здруженијата на граѓани и фондациите ќе се доделат еднократно, додека на спортските клубови ќе се доделат двократно.

  1. Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на јавниот повик за добивање на средства се:

– Значењето на програмите, проектите или активностите за општината, регионот, Републиката или значење од меѓународен карактер;

– Можноста за афирмација на општината;

-Претходни успеси, добиени награди во општината, регионот, Републиката и меѓународни награди;

– Временскиот период за реализација на активностите;

– Висината на обезбедени средства од донатори или други извори;

– Успешно реализирани претходни проекти од областа за која се однесува приложениот проект;

Здруженијата на јавниот повик кон пријавата треба да ја достават и следната документација:

Предлог-Проект;

Програма на активности за тековната година;

Решение за упис во Централниот регистар согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;

Извештај за ефикасното и наменско користење на средствата добиени од Буџетот на Општина Прилеп во минатата фискална година.

Пријавата треба да биде пополнета со печатни букви и на кирилско писмо, потпишана од застапникот на Здружението на граѓани или Фондација и заверена со печат.

  1. Спортските клубови при конкурирањето треба да ја достават следната документација:

– Уредно пополнета пријава;

– Решение за вршење дејност спорт, согласно Законот за спорт;

– Доказ за обезбедени соодветни објекти (Договор за користење на спортска сала, стадион и исл.),  и стручен кадар согласно Законот за спорт;

– Доказ од соодветната федерација дека се натпреваруваат во сениорски,младински и кадетски лига систем на натпревари или училишни спортски лиги  ;

– Програма на активности во тековната година со временски период за реализација на активностите;

– Доказ за постигнати резултати и успеси во сите категории и видови на натпреварувања во претходните четири години;

– Извештај за ефикасното и наменско користење на средствата добиени од Буџетот на Општина Прилеп во минатата фискална година;

Пријавите за Здруженијата на граѓани и фондации може да се превземат овде.

Пријавите за спортските клубови може да се превземат овде.

Пријавата со целокупната документација се доставува до Општина Прилеп на адреса Прилепски бранители бр.1, 7500 Прилеп преку пошта или преку архивата на Општина Прилеп (се доставуваат во приемното одделение на општината).

На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака – За јавен повик бр. 01/2019 за распределба на средства за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.

Датум на објавување на јавниот повик: 04 февруари 2019 год.

Краен рок за доставување на пријавите: 28 февруари 2019 год.

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …