Општина Прилеп инвестира во образованието, за училиштето во Сточен пазар минатата локална власт треба да сноси одговорност

Општина Прилеп инвестира во образованието, за училиштето во Сточен пазар минатата локална власт треба да сноси одговорност

Реакција на Општина Прилеп на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

Почитувани граѓани,

Општина Прилеп со доаѓање на новата локална гарнитура и градоначалникот Илија Јованоски, во изминатите 10 месеци, интензивно работи на отстранување на пречките, и наследените колку финансиски, толку и технички проблеми од претходната власт. И покрај тоа, тече процесот на инвестирање во сите сфери. Образованието како значаен сегмент е финансирано и со општински пари.

Од општинскиот буџет  за реконструкција и санација на училишните објекти се одвоени 20.6 милиони денари. Од нив 6 милиони денари се наменети за средните, а 14.600.000 денари за основните училишта.

Во изминатите 10 месеци, еве што е вложено:

Основно училиште „Добре Јованоски“ – Прилеп

  • Изградба на просторија за деца со посебни образовни потреби,
  • Реконструкција на магацинските простории, на санитарните јазли, пренамена на малата спортска сала во училница, за што се обезбедени 1.070.000 денари од Општина Прилеп,
  • Набавка на училиштен инвентар, вложени 300.000 денари од општинската каса,
  • Набавка на лап топ компјутери за потребите на администрацијата и стручните служби, во вредност од 59.000 ден. средства од општинскиот буџет.

Основно училиште „Гоце Делчев“

  • Во тек реконструкција на тоалетите, за што се одвоени 50.000 евра, општински пари.

 Гимназија „Мирче Ацев“

  • Санација на санитарните јазли, инвестиција од 1.500.000 денари, општински средства

СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“

  • Реконструкција на внатрешната столарија – проект вреден 547.000 денари.

Освен овие, реализирани се и бројни други инвестиции во училиштата:

  • со донацијата на „Филип Морис“ во висина од 80.000 долари се реконструираат 4 училници со инвентар и санација на санитарните јазли, во СОЕПТУ „Ристе Ристески-Ричко“,
  • со донација од амбасадата на Јапонија, во ОУ „Добре Јованоски“ во висина од  3.027.543 ден, се врши промена на алуминиумската со ПВЦ дограма.

 Што се однесува до училиштето во населбата „Сточен пазар“:

  • нема пристапен пат, изградено е во ливада, на 50 метри од речен канал, поголем ризик за ученици нема,
  • нема водовод, одвод, нема струја,
  • просторот не е ограден,
  • проектот е целосно згрешен,
  • штетен, колку за Општината, толку и за граѓаните,
  • не ги исполнува елементарните прописи за изградба на училиште,
  • објектот затоа не е предаден од изведувачот!

За овој објект, којшто практично освен за магацински простор, според стручњаците, тешко дека нешто друго би можело да се користи, ексвласта на ВМРО-ДПМНЕ, со ексградоначалникот Марјан Ристески, треба да понесат одговорност!

Затоа, навистина стануваат бесмислени прес конференциите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.  Јасно е и многу разбирливо дека  не можат да се изборат за политичко место кај електоратот. Но, со ваквите “празни“ настапи, само придонесува за намалување на својот рејтинг.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …