Општина Прилеп ја одбележа годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто

Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Оддавањето почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 63-годишнината од неговата смрт.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп, а својот живот го завршил на 24 јули 1957 година.

Прочитајте повеќе

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе …