Реакција на Општина Прилеп на денешниот прес на Ирена Стерјоска Локвенец, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

Почитувани,

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски најенергично ги отфрлаат изнесените лаги од страна на советничката на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска Локвенец.

Имено, објектот за кој советничката на ВМРО-ДПМНЕ зборува си има свој сопственик, со кој ниту Општината, ниту градоначалникот Јованоски имаат било каква врска.

Сведоци сме дека во последно време од „кујната“ на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат лажни вести, шпекулации и клевети насочени кон локалната власт, а кои имаат за цел дискредитација на градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талевски.

Доколку Стерјоска и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ продолжат со трендот на клеветење, до надлежните служби ќе бидат поднесени соодветни пријави за нарушување на угледот и честа на првите луѓе на општина Прилеп.