Општина Прилеп: Одливката на статуата во Дабница е донација на авторот Сашо Поповски

Општина Прилеп: Одливката на статуата во Дабница е донација на авторот Сашо Поповски

Реакција на Општина Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп:

Почитувани,

Она што за ВМРО-ДПМНЕ е нов споменик во Дабница, всушност е реконструирана одливка на статуата „Смрт на фашизмот“, дело на скулпторот Сашо Поповски, поставена на истиот постамент на кој некогаш се наоѓаше уништената оригинална скулптура на авторот Димо Тодоровски.

Она што треба да се потенцира и што може да се види од потпишаната и архивирана изјава на скулупторот Поповски, е дека новопоставената одливка е негов поклон на Општина Прилеп, со цел таа да биде поставена на местото каде некогаш стоел оригиналот.

Поклонетата одливка е примена согласно член 45 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Прилеп, давање и примање подароци и за евиденција на недвижните ствари во сопственост на Општина Прилеп, донесен од страна на општинскиот Совет, а врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Прилеп.

Реконструираната одливка на статуата „Смрт на фашизмот“, на постоечкиот постамент е поставена под надзор на Завод и музеј – Прилеп.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …