Општина Прилеп: Перфидни лаги на ВМРО-ДПМНЕ за манипулирање на јавноста

Општина Прилеп: Перфидни лаги на ВМРО-ДПМНЕ за манипулирање на јавноста

Демант на Општина Прилеп на објавена дезинформација од страна на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Најенергично ја отфрламе и демантираме објавената дезинформација на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, пренесена од страна на одредени портали блиски до опозициската партија, според која Општина Прилеп за период од три години, наводно, за репрезентација потрошила 161.866 евра.

Дека станува збор за класична манипулација од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, потврдува тоа што членовите на нивната партиска Комисија за локална самоуправа „заборавиле“ дека актуелниот градоначалник Илија Јованоски на чело на општина Прилеп се наоѓа две, а не три години. Имајќи го во предвид тој факт, станува јасно дека изнесените бројки се апсолутно невистинити и дека се кажани со цел да ја манипулираат јавноста.

Она што пошироката јавнст треба да го знае, е дека Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, всушност, изнела вистински бројки, но го згрешила градоначалникот на кој тие се однесуваат.

Имено, во последните три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2015, 2016 и 2017 година, расходите за репрезентација на екс градоначалникот Марјан Ристески изнесувале 9.800.774,00 денари, што искажано во евра изнесува фантастични 160.000 евра!

Почитувани,

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски ќе продолжат со домаќинско и наменско трошење на парите на даночните обврзници, во правец на реализирање на ветените проекти и создавање на подобри услови за живот на граѓаните на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …