Општина Прилеп се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност, 16–22 септември 2020

Општина Прилеп се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност, 16–22 септември 2020

Европската недела на мобилност оваа година се организира на тема „ Zero-emission mobility for all“ или „Мобилност за сите без емисии“. Целта на овогодишната тема е да се истакне важноста до пристапот на транспорт без емисии, но и да се промовира инклузивна рамка во која може да се вклучат сите граѓани.

И покрај различните климатски, географски и социо-економски услови во урбаните подрачја во Европа, можат да се преземат мерки за да се овозможи јаглеродно неутрална и инклузивна урбана средина. Поради тоа, Европската недела на мобилност 2020 ги охрабрува граѓаните и локалните власти да преземат чекори за да ја постигнат долгорочната цел, односно јаглеродно неутрален континент до 2050 година.

Иако исполнувањето на целта на долгорочната стратегија е во далечна иднина, директните мерки за намалување на загадувањето, јаглеродните емисии или сообраќајните гужви може да имаат брзи ефекти. Гужвите во и околу урбаните подрачја моментално предизвикуваат трошоци кои изнесуваат 100 милијарди годишно, односно еден процент од БДП на ЕУ. Понатаму, преку 400.000 предвремени смртни случаи се директно поврзани со загадувањето на воздухот. Поради тоа, воведувањето на долгорочни мерки, како што се поттикнување на велосипедизмот и пешачењето, како и воведување јавен превоз кој е со ниски емисии или е јаглеродно неутрален, ќе даде позитивни и брзи ефекти.

Во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2020 година вклучени се околу 2600 градови од 49 европски земји и околу 700 НВО, бизниси и училишта.

Општина Прилеп и оваа година се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност од 16-22 септември. Активностите за одбележување на Европската недела на мобилност се во голем дел ограничени заради новонастанатата ситуација со КОВИД-19, па Општина Прилеп ќе ја одбележи оваа Европска недела на мобилност со онлајн кампања за подигање на јавната свест за користење на алтернативни, инклузивни начини на движење и превоз, намалување на штетните емисии и загадувањето на животната средина, а за одбележување на Денот без автомобили – 22-ри септември, наместо традиционалното велосипедско дефиле низ улиците на градот упатуваме апел до сите граѓани да користат велосипеди или пешачење за доаѓање на работните места и разни други потреби во текот на денот наместо користење на нивните автомобили. Очекуваме дека граѓаните масовно ќе се приклучат на оваа иницијатива  со што ќе се даде придонес кон одржување на здрава животна средина, намалување на штетните емисии и стекнување на здрави животни навики.

Во контекст на одбележувањето на Европската недела на мобилност треба да се нагласи дека со тековната реконструкција на дел од булеварот „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Прилепски Бранители“ со изградбата на велосипедски патеки и проширени тротоари, Општина Прилеп ќе овозможи подобри услови за пешаците и велосипедистите и се надеваме дека ќе поттикне што повеќе граѓани да ги користат овие начини на движење и превоз. Во текот на 2020 година од страна на Општината беа доделени и субвенции за набавка на 305 велосипеди со што ги покажуваме нашите заложби за одржување на здрава животна средина, намалување на штетните емисии и поттикнување на алтернативниот транспорт.

Исто така, пред една година јавниот превоз се збогати со 4 нови, современи и еколошки автобуси на метан, со што се обезбеди еколошки транспорт за граѓаните на нашиот град.

Кампањата за одбележувањето на Европската недела на мобилност е поддржана и финансирана од Европската Делегација во РСМ и ЕУ Инфо центарот во Скопје, а е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ги покануваме сите граѓани на Општина Прилеп да се приклучат на кампањата со поставување на слики од своите активности (возење велосипед, пешачење и слично) на своите профили на социјалните мрежи со користење на хаштагот #mobilityweekprilep како би можеле заеднички да ја подигнеме свеста за „Мобилност за сите без емисии“.

Фајлови за превземање:

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …