Општина Прилеп успешно ја реализираше акцијата за дезинфекција на главните и споредните улици во градот

Општина Прилеп успешно ја реализираше акцијата за дезинфекција на главните и споредните улици во градот

Општина Прилеп реализираше уште една успешна акција во насока на преземање мерки против ширење на коронавирусот и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Во таа насока, денеска беа дезинфицирани главните и споредните улици во сите 19 Урбани заедници во градот. Со цел да бидат опфатени и потесните улици во кои возилата на јавните комунални претпријатија немаат пристап, дезинфекцијата беше извршена со триесетина трактори опремени со прскалки.

Градоначалникот Илија Јованоски, кој го надгледуваше текот на акцијата, изрази задоволство од начинот на кој таа беше реализирана. Истовремено, тој упати благодарност до граѓаните од градот и населените места, кои со своите трактори и приклучна механизација се ставија на услуга за што поефикасна дезинфекција на улиците во градот.

Денешната акција беше координирана од страна на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп.

Утре со почеток во 10.00 часот, ќе биде реализиран вториот дел од акцијата, кога со електрични и моторни пумпи ќе бидат дезинфицирани јавните површини и влезовите во сите станбени згради во градот.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …