Општина Прилеп успешно ја спроведе акцијата за дезинфекција на улиците во градот

Општина Прилеп успешно ја спроведе акцијата за дезинфекција на улиците во градот

Во организација на Општина Прилеп, во изминатите два дена беше организирана масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот. Истовремено, дезинфицирани беа и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини.

Акцијата беше спроведена со помош на јавните комунални претпријатија од градот, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈП за ПУП и Територијалната противпожарна единица – Прилеп. Сепак, најголемиот придонес го дадоа граѓани од градот и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ги дезинфицираа и тесните улици од целата територија на градот, онаму каде цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски ја искажа својата благодарност до вработените во прилепските јавни претпријатија и жителите од градот и населените места, кои несебично ја поддржаа акцијата за дезинфикација на улиците во градот. Истовремено, градоначалникот им се заблагодари и на останатите граѓани на Прилеп кои одговорија на повикот на локалната самоуправа и ги отстранија своите возила од јавните површини, во насока на успешно извршување на акцијата.

Градоначалникот Јованоски нагласи дека Општинскиот штаб за управување со кризи и понатаму будно ќе ја следи состојбата со пандемијата на коронавирусот и ќе носи соодветни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …