Општина Прилеп воспоставува економска и културна соработка со амбасадата на Чешка

Општина Прилеп воспоставува економска и културна соработка со амбасадата на Чешка

Воспоставување на економска, бизнис, трговска, туристичка и културна
соработка беше во фокусот на денешната средба на градоначаланикот Илија
Јованоски и амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан, што се одржа
во кабинетот на градоначалникот.

„Денеска во посета на нашиот град е амбасадорот на Република Чешка во
Република Македонија, Мирослав Томан. Задоволството од средбата е
обострано. Разговаравме за економијата и стопанството на овие два народа,
не го заборавивме ниту културниот дел и туризмот. Разговаравме и за тоа како
да ги задржиме во земјата младите, се помалку да има одлив на стручњаци и
млади во други земји“, изјави градоначалникот Јованоски.

Амбасадорот Томан заблагодарувајќи се како што рече на срдечниот прием од
градоначалникот, посочи на заедничките именители на двата народа.

Општина Прилеп воспоставува економска и културна соработка со амбасадата на Чешка

„Чест ми е да бидам овде, заедно со вас во Прилеп, а особено со
градоначалникот Илија Јованоски. Заедничко ни е тоа, што на овие функции
сме двајцата веќе 6 месеци. Многу ми е драго што имаме многу теми за
коишто можеме да разговараме, како на државно, така и на локално ниво. На
нашата средба разговаравме за многу прашања, меѓу нив и за соработката што
може да се оствари меѓу Чешка и Македонија и Општина Прилеп. Отворивме
теми од сферата на спортот, културата, трговијата, па дури и тема екстремни
спортови, што се карактеристика на Прилеп. Исто така проговоривме и за
отворањето на фестивалот на пивото. Беше споменато дека и Чешка
Република би можела да учествува на тој настан, така што ќе дојде до
натперевар меѓу нашето и вашето пиво. Меѓутоа главниот акцент беше ставен
на соработка во областа на културата, образование и економијата. Искрено, се
надевам дека ќе се изнајдат проекти, што ќе ги задржат младите Македонци да
останат овде и што ќе дадат потенцијали и можности за работа и развој во
својата земја, која што за многу кратко ќе стане дел од Европската унија“,
истакна амбасадорот Томан.

Тој истакна дека Република Чешка ја поддржува Македонија во нејзините
заложби за влез во НАТО и Европската унија и токму поводот за денешната
средба е проширување на соработката, како на државно, така и на локално
ниво.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …