Им се соопштува на граѓаните на општина Прилеп, дека во вторник, 04.08.2020 година, во периодот од 20:00 до 24:00 часот, на територијата на Прилеп, екипи од фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци ќе ја спроведат теристичката (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарци.

Заради избегнување на евентуални несакани последици, се известуваат пчеларите да преземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Доколку временските услови не дозволат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.