Реакција на Општина Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:

Аматеризмот, непрофесионалното и штетно работење на претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги остави граѓаните на Општина Прилеп и ФК „Победа“ без стадион и без можност за гледање прволигашки натпревари.

Двата наследени проекти за реконструкција на градскиот стадион беа стопирани затоа што се спротивни на законските регулативи и со бројни пропусти.

Фирмата „Новоградба“ која требало да изврши реконструкција и доградба на северната трибина не ги завршила градежните работи во предвидениот рок, додека, пак, за поставувањето на челична покривна конструкција не било извршено испитување на статиката на северната трибина, односно дали таа може да ја издржи тежината на покривната конструкција.

Поставените рефлектори се без одобрение за градење, што значи дека се дивоградба.

Поставувањето на агрегат било предвидено во соблекувалните на стадионот, што е исто така недозволиво, погрешно и небезбедено.

За сите овие пропусти при реконструкцијата на стадионот, одговорност ќе има. Но, она што е уште поважно за градот, фудбалерите, навивачите и сите останати љубители на фудбалот во општината, е дека во 2019 година Прилеп добива современа и модерна фудбалска арена.

Општината веќе ги превзема сите законски и неопходни технички чекори за обезбедување услови за функционирање на градскиот стадион „Гоце Делчев“ по врвните стандарди на УЕФА.

Општината ќе го доуреди подтрибинскиот простор, ќе ја покрие северната трибина и ќе изврши комплетна санација на јужната трибина.

Ќе го заврши делот со оградување на стадионот, а комплетно ќе го санира и постоечкиот ограден ѕид.

Како рамноправен учесник во овој зафат ФФМ ќе треба да ја доврши изградбата на тревната површина, односно самиот терен.

Општина Прилеп во 2019 година добива современ и модерен градски стадион, каков што и заслужува.