Општина Штип му го продаде на Кирил Гогов управувачкиот пакет на ФК „Брегалница“

Општина Штип му го продаде на Кирил Гогов управувачкиот пакет на ФК „Брегалница“

Управувачкиот пакет на АД ФК „Брегалница 2008“ од Штип е продаден на Македонска берза. На понудата на берза, единствен понудувач е штипскиот бизнисмен Кирил Гогов, сопственик на синџир маркети, кој веќе поседува еден фудбалски клуб, кој се натпреварува во ист ранг како и „Брегалница“. Информацијата ја објави градоначалникот Благој Бочварски, кој притоа, не соопшти колку платил Гогов за тие 51 отсто акции.

„Мораме да имаме на ум дека се’ додека Општината Штип го води овој клуб ќе има прецепција на еден или друг начин дека е вмешана политика кога се финансира од општинскиот буџет. Многу често „Брегалница“ трошела и многу повеќе пари, во минатото трошела и по 300.000 евра годишно, но најчесто носела незадоволителни, слаби резултати“, рече Бочварски.

Тој додаде дека откако клубот го презела општината, годишно се одвојуваат од 180.000 до 200.000 евра. ФК „Брегалница“ се напреварува во Втората лига – Исток. Амбициите, дека оваа локлна власт ќе го внесе градскиот клуб во Првата лига, не се реализираа.

Согласност за продажбата на управувачкиот пакет дадоа сите членови на Управниот одбор, а Советот на Општината Штип едногласно даде согласност за продажба. Општината Штип со оваа трансакција поседува 49 отсто од акциите.

Клубот го презема бизинсменот Гогов, кој пред неполн месец влезе со промената на стручниот тим, а веќе има промени и во структурата на играчите.

„Оваа сезона ќе биде цел на ФК „Брегалница 2008″ враќање во првата фудбалска лига, кадешто, на „Брегалница“ како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите- рече Гогов.

Останува неизвесно како Фудбалската федерација на Македонија ќе реагира на фактот дека во Втората лига – Исток ќе се натпреваруваат два клуба со ист сопственик.

Инаку, пред три години Општината направи неуспешен обид на ист начин преку Македонската берза да го продаде клубот, кој е товар со години за општинскиот буџет.

ФК „Брегалница“ во 2021 година ќе прослави сто години постоење. Многу често клубот бил гордост за штипјани, но последните години бележи лоши резултати. Со доаѓањето на оваа локална власт беше нарачана надворешна ревизија на работењето на клубот, која утврди ненаменско трошење, несоодветно евидентирање на трошоците.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …