Општина Тетово

Општина Тетово го објави списокот на договори со 10 денари, во март ќе бидат објавени 47 нови

Општина Тетово вчера соопшти дека осум лица од кабинетот на актуелниот градоначалник склучиле доброволен договор со по 10 денари за месец декември. А, на прашањето за имињата кои добиле пари од општината овој месец и објавувањето на други договори на дело реализирани од Билал Касами, општината соопшти дека се работи за нови 47 договори кои ќе бидат објавени во март, пишува Порталб.мк.

Објавување на доброволни договори со по 10 денари во јавноста предизвика реакции на социјалните мрежи зошто Општината не ги објавува новите договори на дело реализирани во овие четири месеци откако на чело на општината е Билал Касами, затоа што имињата кои се на тој список не се исти со имињата на страницата Отворени финансии, а кои од општината за месец февруари добиле суми од над 20 илјади денари.

Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека објавувањето договори со по 10 денари за декември е поради транспарентност, додека договорите за првите три месеци од годинава ќе се објават во март, додека новите договори на секои три месеци ќе се објавуваат на веб-страницата на општината.

„Бројот на нови склучени договори по доаѓањето на градоначалникот Касами достигнува 47 договори на дело, но тука спаѓаат и некои продолжувања на договори на дело, склучени од старото раководство“, објаснуваат од Општина Тетово.

А пак, кога се во прашање финансиските средства, Општина Тетово на 11 февруари на сметката на Движењето Беса префрли средства два пати, еднаш 10.000 денари и следниот пат 352.475 денари. На прашањето зошто овие средства се префрлени на сметка на партијата, ако се работи за избори зошто не се префрлени и на другите партии, од Општината објаснуваат вака:

„Еден од наследените долгови беше исплатата на политичките партии за локалните избори 2017 година и преземајќи ги налозите што биле за исплата, биле контактирани од субјектот при што тие потврдиле дека сметката е активна и дека може да се исплатат средства за да се отплати долгот. Покана е испратена и до другите партии да потврдат дека имаат свои сметки, и во моментот кога ќе потврдат, ќе имаме предвид дека има преостанат неисплатен дел, кој ќе им биде исплатен. Вреди да се истакне дека вака се постапува бидејќи сметките што се отвораат за избори се привремени сметки и не можеме да извршиме уплата на сметка непотврдена од самиот субјект. Значи, ова е наследен долг што мораше да се врати пред неколку години“.

Подетални информации за финансиските трансакции од Општина Тетово можете да најдете ТУКА.

Инаку, Општина Тетово на 8 февруари го објави списокот на лица вработени во општината со договор на дело чиј број изнесува 812, но општината не направила поделба колку од овие лица биле на работа и поднела извештај и колку пари добивале од даноците на тетовци, а притоа не работеле. Конечно, градоначалникот во емисијата Клик Плус објави дека се работи за ангажирани 544 лица, од кои 250 поднеле извештај, а 294 немаат поднесено извештај. Вкупно овие договори го чинеле буџетот на општината 1,1 милион евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …