Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

За прв пат по доаѓањето на власт во 2010 година, Виктор Орбан претрпе значаен пораз од унгарските опозиционери. Либералот Гергели Карашони е нов градоначалник на Будимпешта, кој на вчерашните локални избори освои над 50 отсто од гласовите и се најде пред кандидатот на владејачката партија Фидес, Иштван Тарлос.

Според првичните резултати на изборната комисија, опозицијата освои и 17 делегати во Собранието на Будимпешта, со што обезбеди мнозинство при носењето одлуки на градско ниво.

– Изборите се доказ дека силата на народот е секогаш поголема од силата на еден човек – изјави идниот градоначалник на Будимпешта, Карашони.

Покрај шокот што го доживеа во Будимпешта, партијата на Орбан ги изгуби изборите и во 10 од 23 други поголеми градови низ Унгарија.

На национално ниво, владејачката партија Фидес сепак оствари добри резултати, освојувајќи најмногу гласови од граѓаните низ целата земја. Најголем дел од приврзаниците на Орбан доаѓаат токму од помалите унгарски градови и руралните средини.

Виктор Орбан синоќа изјави дека унгарската влада ќе соработува со новите градоначалници од опозицијата, но и посочи дека резултатите од локалните избори нема да го разнишаат неговото владеење.

– Изборите покажаа дека најсилна партија е Фидес и Христијанско демократската народна партија. Ќе продолжиме да се однесува соодветно на тоа – изјави Орбан.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …