Виктор Орбан е во Кина во посета на неговиот колега Си Џинпинг

Орбан во ненадејна посета на Кина, глобалната безбедност во фокусот

По посетата на Москва, унгарскиот претседател Виктор Орбан е во Кина во посета на неговиот колега Си Џинпинг. Покрај бројните бурни реакции за неговата посета на Русија, тој на оваа средба ги повика светските сили да ѝ помогнат на Украина, но и на Русија да го обноват дијалогот и преговорите, со цел да се најде мирно решение за војната која не се стишува.

Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ потенцираше дека „конструктивните и важни иницијативи“ се суштински за да се стави крај на војната, но сепак одлуката зависи и од трите светски сили САД, ЕУ и Кина.

Унгарија под водството на претседателот Орбан, изгради значителни политички и економски врски со Кина. Европската нација е домаќин на голем број производители на кинески капацитети за батерии наменети за електрични возила, а во декември минатата година е најавено дека кинескиот производствен гигант за електрични возила „BYD“ ќе ја отвори својата прва европска фабрика за производство на електрични возила во земјата.

Неговата претходно ненајавена посета е слична со патувања кои ги оствари Орбан минатата недела во Москва и Киев, каде што при посетата потсети дека треба да се размисли за договор за итен прекин на огнот измеѓу Русија и Украина. Сепак, неговата посета на Москва наиде на осуда од Киев и од европските лидери.

Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со советот на ЕУ на почетокот на месецот. Претставниците од ЕУ рекоа дека Орбан нема мандат за ништо освен за дискусија за билатерални односи.

Орбан рутински ги блокираше, одложуваше или ги намалуваше напорите на ЕУ да му помогне на Киев да воведе санкции кон Москва за нејзините акции во Украина. Тој долго време се залагаше за прекин на непријателствата во Украина, но без да наведе што би можело да значи за територијалниот интегритет на земјата или за идната безбедност.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Макрон го отфрли обидот на левичарскиот сојуз да назначи премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека по завршувањето на Олимписките игри во Париз ќе именува …