Орце Kамчев од 6 ноември е на слобода

Орце Kамчев од 6 ноември е на слобода

Бизнисменот Орце Камчев oд 6 ноември е на слобода и нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга каде што ја отслужуваше затворската казна. Како што објави „360 степени“, тој тогаш го искористил правото на викенд кое го имаат затворениците во КПД Струга и повеќе нема да се врати, бидејќи со тоа му завршило издржувањето на затворските казни во случаите „Империја“ и „Плацови на Водно“.

Ослободувањето се случило откако побарал спојување на двете затворски казни, едногодишната за „Империја“ и онаа за „Плацеви на Водно“, па наместо две години, Камчев добил заедничка казна намалена за 4 месеци и се најде на слобода по година и осум месеци.

Обвинителството не поднело жалба на барањето на Камчев за спојување на казните, бидејќи станува збор за редовна процедура во кривичниот суд. Во струшкиот затвор, Камчев казната ја отслужуваше само 4 месеци.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …