Организаторите на упадот во Собранието влегуваат во судница

Организаторите на упадот во Собранието влегуваат во судница

На обвинителната клупа ќе седнат екс спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски и тогашниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, а се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За Никола Груевски и Никола Бошкоски истрагата е запрена.

 

Судскиот процес за организирањето на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „Крвавиот четврток“, денека почнува во скопскиот Кривичен суд а ќе го водат судиите Илија Трпков и Дијана Груевска – Илиевска.

На обвинителната клупа се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовки, кои се товарат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата беа опфатени и екс премиерот Никола Груевски и припадникот на УБК, Никола Бошкоски, кои се во бегство во Унгароија односно Грција каде добија азил. Обвинителството одлучи да не поднесе обвиниение против нив и да чека да бидат испорачани во Македонија и тогаш да им се суди.

Обвинителниот акт против четворицата организатори на упадот во Собранието на 27 април беше поднесено кон крајот на мај минатата година, а на почетокот на годинава беше прифатно од Кривичниот совет во скопска единица.

Според обвинителниот акт Јанакиески и Ристовски добивале инструкции и насоки од тогашниот лидер на партијата Никола Груевски и испраќале пораки по претседателите на месните комитети за протестот да добие масовност.

Вељаноски пак имал задача по секоја цени да го спречи изборот на Талат Џафери на занов собраниски спикер. Атанасовски пак бил задолжен за координацијаи мобилизација на членовите на патриотските друштва а потоа и дал наредба да се одземат хард дисковите со снимките од безбедноските камери поставени во Собранието за да ги сокрие трагите и да ги уништи доказите. Никола Бошкоски пак, кусо по упадот во Собранието, со „голф“ на Управата за безбедности и контраразузнавање донел пиштоли, панцири и автоматско оружје кое требало да биде искористено во нападот.

Во судницата од куќен притвор ќе бидат спроведени обвинетите Атанасовски, Ристовски и Јанакиески додека Вељаноски ќе се брани од слобода.

За насилствата во Собранието, на 15 март минатата година на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години затвор доби Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Игор Дурловски беше единствениот кој доби ослободителна пресуда.

На почетокот на процесот на обвинителната клупа беа 33 лица меѓу кои беа и петмина пратеници. Меѓутоа, по носењето на Законот за амнестија во декември 2018 година, амнестирани беа 15 обвинети вклучувајќи ги и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ја отворија вратата од Собранието и овозможија толпата да упадне внатре и да ги нападне и претепа нивните колеги во Парламентот.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …