Оштетен автомобилот на досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева

Оштетен автомобилот на досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева

Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живее во населбата „Аеродром“, со пур пена бил оштетен автомобилот на досегашната претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО на СДСМ Аеродром, Љубица Анчева.

„Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци. Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот. Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили. Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати. Денес е време на одговорност и неселективно владеење на правото, лицата кои го сториле овој подмолен чин ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани“, изјави Јанчева.

Јанчева вели дека случајот го пријавила во полиција и дека очекува брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …