Ослободена српската новинарка Лалиќ

Ослободена српската новинарка Лалиќ

Српската новинарка Ана Лалиќ која беше приведена поради нејзиниот критички текст за справувањето со коронавирусот во земјата, вчера беше ослободена, откако била сослушана од полицијата. Лалиќ беше приведена во нејзиниот дом, неколку часа откако беше објавен текстот во кој таа пишува дека медицинскиот персонал во Нови Сад има недостиг од заштитна опрема. Во текстот во кој се цитираат анонимни извори, се наведува и дека неколку медицински сестри можеби се заразени од вирусот и дека во болницата нема доволно лекови.

Лалиќ изјави дека има сведоци за напишаното и дека ниту болницата, ниту локалните власти и одговориле на нејзините прашања пред објавувањето на текстот. Нејзиниот адвокат Срѓан Ковачевиќ изјави дека таа е обвинета за ширење лажни информации и предизвикување паника.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Десир изјави дека е „вознемирен“ што Лалиќ е приведена поради нејзиното известување.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Министер за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул

Малолетници во притвор за планирање терористички напад во Германија

Четворица малолетници на возраст од 15 и 16 години завршија во истражен затвор поради сомнение …