Ослободени новинарите на „Ројтерс“ од затворот во Мјанмар

Двајцата новинари на „Ројтерс“ кои беа осудени на седум години затвор поради прекршување на Законот за државни тајни додека истражувале насилство врз малцинството Рохинџи се на слобода.

По 500 дена поминати во затвор, двајцата беа ослободени со помилување од претседателот Вин Мјин заедно со уште 6.520 други затвореници. Новинарите беа уапсени во 2017 година додека носеле официјални документи кои штотуку им биле дадени од страна на полициските службеници. Тие ја бранеа својата невиност, велејќи дека биле наместени од страна на полицијата.

„Сакам да кажам дека денес сум многу среќен”, изјави Ва Лон пред новинарите кои се собраа пред затворот. „Сакам да им се заблагодарам на нашите пријатели и семејства кои се трудеа да бидеме ослободени, како и за оние од целиот свет кои сочувствуваа со нас”.

„Навистина сум возбуден што го гледам  моето семејство и колегите. Не можам да дочекам да се вратам во мојата редакција”, рече тој.

Војската на Мјанмар во 2017 година започна со брутална кампања по воени напади во западниот дел на Ракајн, при што загинаа повеќе од 700.000 Рохинџи додека се обидувале да преминат во Бангладеш.

Официјалните претставници на Обединетите Нации ја опишаа оваа кампања како етничко чистење, па дури и геноцид. Војската соопшти дека нејзините дејства во Ракајн биле одговор на нападите на герилците и дека не ги прекршиле човековите права или воените закони.

Новинарите на Ројтерс работеа на истрага за убиствата на 10 селани во селото Ин Дин во Ракајн, за кои владата минатата година соопшти дека седуммина војници беа осудени на 10 години затвор со принудна работа.

Затворањето на Ва Лон и Куав Сое О наиде на лавина осуди од организации за човекови права и новинарски здруженија. Тие добија награди и почести за својата работа. Во април, заедно со своите колеги од „Ројтер“ ја добија Пулицеровата награда за меѓународно известување.

Извор: Радио МОФ

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …