Османи на средба со Могерини: Ги испорачавме реформите, очекуваме позитивен извештај

Османи на средба со Могерини: Ги испорачавме реформите, очекуваме позитивен извештај

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска во Брисел се сретна со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Од кабинетот на Османи информираат дека на средбата, вицепремиерот го презентирал напредокот во имплементацијата на планот „3-6-9“, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

-Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок – рече Османи.

Тој на Могерини и соопштил дека делот „3“ од планот „3-6-9“ владата го заокружила со фер и слободни избори, дека биле изготвени стратегии и суштински реформски закони во инклузивна постапка, дека се подобрени односите со соседите и дека се очекува да се донесат и последните реформски закони за кои што е потребно двотретинско мнозинство.

Во делот на отстранувањето на политичките пречки, Османи посочил и на донесувањето на Законот за јазиците, како последен сегмент од легислативниот дел од Рамковниот договор и изразил надеж дека со неговата имплементација ќе се изгради цврсто, стабилно и просперитетно мултикултурно општество во Република Македонија.

Средбата Османи – Могерини се одржува во пресрет на излегувањето на Извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија, кој излегува за неполна седмица на 17 април.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …