Османи за обвинетите за „27 април“: Простор за помилување на тие кои биле колатерална штета

Османи за обвинетите за „27 април“: Простор за помилување на тие кои биле колатерална штета

Комисијата за помирување, формирана во Собранието, ја изнесе можноста некои од обвинетите за насилствата од 27 април, да избегнат казна. Но, колку е ова спротивно со очекувањата на меѓународниот фактор, знаејќи дека Европската комисија бара полна одговорност за „актерите“ од настаните на 27 април. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за РСЕ рече дека помирувањето нема да значи амнестија, туку, за да бидат помилувани, да има истрага дали тие воопшто биле свесни што прават во тој момент.

„Нека се разговара, доколку има такви моменти кои се колатерална штета на една погрешна кауза, а за тоа биле несвесни во моментот кога тоа се случило. Има таква пракса во светот, да го разгледаме и да видиме и се разбира дека тоа ќе биде во консултација на нашите меѓународни партнери“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за Европски прашања.

Османи зборуваше и за вметнувањето на Охридскиот договор во Преамбулата на Уставот. Тој рече дека ова не треба да се оцени како етничко барање. Според него, Охридскиот договор е реалност која им дава основа на меѓуетничките односи и решавањето на конфликтите без насилство, а негираше дека ова се прави заради политички поени.

„Не мислам дека станува збор за политички поени. Рамковниот договор е изграден врз Уставот преку многубројни амандмани и мислам дека политички поени се добиваат тогаш кога за граѓаните правите нешто конкретно, како на пример – еднаква застапеност, употреба на јазикот и други прашања кои се во нивен интерес“, додаде Османи.

Османи рече дека по Крушевската република, АСНОМ и 8 Септември, Охридскиот договор е четвртиот конститутивен елемент на државата.

Извор: ТВ 21

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …