Осмо издание на меѓународната трка „Крали Марко Треилс“

Осмо издание на меѓународната трка „Крали Марко Треилс“

По осми пат, денеска во Прилеп се одржа трката „Крали Марко Треилс“. Трката традиционално ја организираат спортското здружение „Трекс“ и Општина Прилеп, а поддршка на настанот му даде и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Годинава, на „Крали Марко Треилс“ учествуваат близу 400 учесници од 22 земји, кои се натпреваруваат на три патеки во должина од 16, 34 и 67 километри. Покрај трите трки, се одржа и четврта трка, чија патека беше долга 1.000 метра и на која се натпреваруваа ученици од прилепските основни училишта.

Осмо издание на меѓународната трка „Крали Марко Треилс“Учесниците ги поздрави и им посака успешна трка, градоначалникот Илија Јованоски.

„Треба да уживате во прекрасните предели на Марковите Кули, Трескавец и Козјак и останатото природно и културно наследство што го нуди прилепската околина. Сакам оваа рекреативна планинска трка да биде во духот на здравјето, на спортот, затоа што гледам сѐ млади и млади луѓе. Нека помине трката во фер плеј и нека победат најдобрите“, им порача на учесниците на „Крали Марко Треилс 2018“, градоначалникот Јованоски.

Здружението „Трекс“ и ПСД „Макпетрол“ вложија максимални напори за да организира успешна трка и на натпреварувачите да им овозможи услови, непречено и безбедно да ги истрчаат предвидените трки.

Осмо издание на меѓународната трка „Крали Марко Треилс“„Оваа година имаме три трки: на 16, 34 и 67 километри, а ќе се одржи и детска трка на 1 километар, на која ќе учествуваат стотина ученици од прилепските училишта. Вкупно имаме околу 400 учесници од 22 земји од светот, а интересот за трката секоја година е сѐ поголем, како од нашите домашни тркачи, така и од страна. Теренот со својата специфичност нуди посебна убавина и овие трки на планински трчање се многу интересни, затоа што може да се вклучи секој. Се надевам дека и во иднина „Крали Марко Треилс“ ќе расте во поголема и попозната светска трка“, изјави Игор Јовановски од здружението „Трекс“.

„Крали Марко Треилс“ претставува спортско-рекреативен настан, кој на уникатен начин ја претставува македонската култура и придонесува за развој на спортот и авантуристичкиот туризам во нашата земја.

Прочитајте повеќе

УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското езеро

УНЕСКО следната година ќе го разгледува статусот на Охридското езеро

УНЕСКО внимателно ја следи состојбата на Охридското Езеро, но дали ќе биде ставен на листата …