Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов

Осомничениот за пукањето во Мејн во кое беа убиени 18 лица беше пронајден мртов по тридневна потрага

Роберт Кард, осомничениот за масовното пукање во Мејн во среда, беше пронајден мртов по тридневна потрага. Кард се самоубил со истрел од пушка, известува Би-би-си.

Во пукањето беа убиени 18 луѓе, од 14-годишна до 76-годишна возраст.

„Можам да испуштам воздишка знаејќи дека Роберт Кард веќе не претставува закана за кого било“, изјави гувернерката на Мејн Џенет Милс на прес-конференција.

Милс рече дека пронаоѓањето на телото ќе ѝ овозможи на заедницата да тргне по долгиот и тежок пат на колективно заздравување.

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека последниве неколку дена биле трагични не само за Мејн, туку за целата држава. Тој се повика на Републиканците во американскиот конгрес да гласаат за порестриктивни закони за поседување оружје.

Инаку, пукањето се случи оваа среда во Луистон, вториот најголем град во Мејн. Имаше истрели на две локации, во куглана и бар.

Прочитајте повеќе

Трамп ја започна прославата на Денот на независноста со најави за УФЦ борби во Белата куќа

Трамп ја започна прославата на Денот на независноста со најави за УФЦ борби во Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп го одбележа изгласувањето на неговиот централен закон за даноци и …