Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави денеска (24 март) министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што соопшти, денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 46.

На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ 8 Септември и во Свети Наум Охридски, во приватните болници осум пациенти. На лекување во странство се 115 пациенти.

„Во фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели“, изјави Таравари.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години беа погребани во Кочани, Штип, Струмица и Скопје.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Тошковски

СДСМ: Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Соопштение за јавност на СДСМ Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е …