Откажан „Октоберфест“ – втора година по ред

Откажан „Октоберфест“ – втора година по ред

Исто како и минатата година, еден од најпознатите фестивали во светот „Октоберфест“ што секоја година традиционално се одржуваше во септември и октомври во германскиот град Минхен, и оваа година нема да се одржи поради пандемијата на ковид-19.

Како што на прес-конференција соопшти премиерот на сојузната германска покраина Баварија, Маркус Седер, ситуацијата е премногу несигурна за да се дозволи одржување на фестивалот што во последните години собираше до шест милиони гости.

„Одлуката не беше лесна“, рече градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, а пак Седер појасни дека мерките за заштита, како маски за лице и социјално дистанцирање би биле целосно несоодветни за традиционалните шатори на фестивалот.

Иако минатата година најпознатиот фестивал на пивото на светот беше откажан, тоа сепак не спречи илјадници баварци во терминот кога се одржува оваа прослава на пивото, облечени во традицонална носија, масовно да ги посетуваат пивниците во Минхен.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …