Откриени кампови, одземени возила, притворени 3 лица – акција на ОВР Прилеп за откривање дрвокрадци

Изминатите неколку денови, ОВР Прилеп во соработка со шумската полиција спроведе организирана акција за откривање на дрвокрадци.

Во акцијата спроведена вечерта на 6-ти и утрото на 7 октомври во атарот на селата Смолани и Дрен, запленети се околу 12 м3 зелено дабово дрво, одземени се две возила марка „Форд галакси“ и „Шаран“, а приведени се и 3 лица.

Исто така, на друга локација, откриени се кампови за сместување на дрвокрадци, кои надлежните служби на ОВР Прилеп и шумското претпријатие ги уништиле. Во истата акција пронајден е и запленет и еден трактор.

Според информациите од ОВР Прилеп, засилените акции за откривање на дрвокрадци ќе продолжат со несмален интензитет и во следниот период.

Прочитајте повеќе

мицкоски

СДСМ: Мицкоски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Соопштение за јавност на СДСМ Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола …