Откупот на тутун продолжува во понеделник, следниот петок нова средба на тутунопроизводителите со надлежните

После денешните преговори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на кои учествуваа претставници на тутунопроизводителите и откупувачите, договорено е откупот на тутун да продолжи во понеделник, а протестите на тутунарите да се стават во мирување.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, барањата на тутунарите се реални.

„Донесовме заеднички заклучок, од понеделник да продолжи откупот, поверениците да се вратат на вагите, вреднувањето на тутунот да биде како што треба, по Правилникот, а протетстите привремено да се прекинат. Следниот петок ќе има дополнителен состанок во ист состав, за да се види дали има подобрување во откупот. Врз основа на тие заклучоци, ќе одлучиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Тутнарите бараат да се цени тутунот според Правилникот објавен од МЗШВ“, изјави министерот Хоџа после завршувањето на денешната средба со тутунопроизводителите и откупните компании.

Тутунопроизводителите потврдија дека се договориле до следниот петок да го носат тутунот на откупните пунктови, кога повторно ќе се сретнат со надлежните. Ако во меѓувреме имаат забелешки дека договорот за откуп не се одвива според Правилникот, ќе реагираат уште во текот на работната недела и повторно ќе излезат на протести.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …