Отворен ден во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот Пендаровски

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Делчево.

Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот, и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите коишто се одвивааткако и со начинот на функционирање на оваа институција.

 Денешната посета на учениците е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …