Отворен ден соу ѓорче петров прилеп

Отворен ден во СОУ Ѓорче Петров во Прилеп

Непосредно пред големиот празник на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп, организираше Отворен ден во просториите на училиштето. Во холот на училиштето беа поставени промотивни штандови за сите струки. Сите посетители имаа можност, непосредно, во разговор со наставниот кадар и со учениците да се запознаат со дејноста, како и со долгогодишната традиција, мисија и визија на СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.
Отворениот ден беше наменет за учениците од основните училишта во Р.С.Македонија но и убава можност за сите што сакаа да се запознаат со програмите и струките на училиштето.
На настанот присуствуваа деветтооделенците од нашата општина и нивните наставници а беа присутни и претставници од компаниите со кои соработува училиштето.

Прочитајте повеќе

изјава министерство за здравство

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува …