Отворен конкурс за платено стажирање во Европската Комисија

Европската Комисија месецов го отвори конкурсот за платено стажирање и обуки кои ќе се спроведуваат во октомвриската сесија, односно почнувајќи од октомври 2022 година.

На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани кои имаат завршено тригодишно високо образование, го познаваат англискиот јазик и имаат познавање од германски или француски јазик.

Доколку бидете одбрани, стажирањата претставуваат работење на позиција што најмногу одговара на податоците за интересите и способностите што се наведени во апликацијата. Секоја позиција е од 40 часа неделно, односно 8 часа дневно и платена соодветно.

Од Комисијата напоменуваат дека секоја предложена понуда за работа треба внимателно да се прочита пред да се прифати согласно условите кои се понудени. Апликацијата може да се пополни најдоцна до 31-ви јануари, а по примање на сите апликации започнува селекцискиот процес.

Повеќе информации може да се пронајдат ТУКА.

Европската Комисија (ЕК) е извршното тело на Европската Унија која е предводена од претседател и тим од комисионери. ЕК е одговорна за предлагање на закони, следење на спроведувањето на законодавството на ЕУ и управување со ЕУ политиките, како и спроведување на одлуките на Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Прочитајте повеќе

На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути

Менталното здравје е грижа за себе, грижа за градење на сопствените капацитети. Она што недостасува …