Клиника за онкологија

Отворена истрага за Онкологија – осомничени двајца директори и тројца лекари

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши предистрагата и од денеска отвора истрага за случајот со злоупотреби на терапии и лекови на Клиниката за Онкологија. Еден од осомничените е поранешен медицински директор на Клиниката за онкологија, а друг е организациски директор. Останатите тројца осомничени се лекари-онколози.

Со отворањето на истрагата, за двајцата поранешни директори се бараат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање пасош. А, за поранешниот медицински директор се бара и мерка оддалечување од работа.

Медицинскиот директор се сомнични за седум кривични дела- злоупотреба на службената положба и овластувања како и за едно дело измама во служба. Организацискиот директор е осомничен за измама во служба, а тројцата онколози за помагање во кривичното дело измама во служба.

Седумте кривични дела на поранешниот медицински директор се за седум јавни набавки за кои Обвинителството се сомничи дека биле правени набавки за набавување лекови на реверс без почитување на законските одредби и без согласност од Фондот за здравствено осигурување.

Истрагата се однесува на периодот од 2017 до 2022 година.

Според досегашните пресметки, противправната имотна корист стекната во овој случај засега се пресметува на 1 817 520 000 или речиси 30 милиони евра. Во наредниот период не се исклучува можноста за проширување на истрагата кон други дејствија или осомничени.

На почетокот на септември Обвинителство отвори предистражна постапка. Беа извршени претреси на Клиниката и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документации. Ова следуваше по новинарските истражувања, кои открија дека покрај тоа што на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, има и сомнежи дека пациентите добивале и физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …