Отворени Зимските олимписки игри во Италија

Отворени Зимските олимписки игри во Италија

Со импресивна, раскошна и визуелно силна церемонија во Милано и Кортина д’Ампецо, официјално беа отворени  Зимските олимписки игри.  Италијанскиот претседател Серџо Матарела во петокот вечерта, пред десетици илјади гледачи на легендарниот стадион „Сан Сиро“, ги прогласи игрите за отворени.

Историски момент претставуваше паралелното палење на олимпискиот оган на двете главни локации: во Милано – од ски-легендите Алберто Томба и Дебора Кампањони и во Кортина д’Ампецо – од олимписката шампионка Софија Гоѓа

Настапи на светски музички ѕвезди

Церемонијата го привлече вниманието со силна уметничка програма и настапи на глобални музички имиња. Американската поп-дива Мараја Кери ја изведе италијанската музичка класика Воларе и песната Ништо не е невозможно “.

Американската поп-дива Мараја Кери
Американската поп-дива Мараја Кери

Италијанската суперѕвезда Лаура Паузини ја отпеа италијанската химна во Милано, додека истовремено хор во Кортина ѝ даваше вокална поддршка. Светски познатиот тенор Андреа Бочели ја изведе ариската класика „Nessun dorma”, како омаж на настапот на легендарниот Лучано Павароти на отворањето во Торино пред 20 години. Оперската дива Чечилија Бартоли ја отпеа олимписката химна, придружувана од кинескиот пијанист Ланг Ланг.

Италијанска култура, мода и историја на сцена

Целата церемонија беше проникната со мотиви од италијанското уметничко и културно наследство. На сцената се појавија огромни маски инспирирани од композиторите Пучини, Верди и Росини. Посебен омаж беше упатен и на модната легенда Џорџо Армани, кој почина лани.

Почетокот на програмата беше посветен на италијанската ликовна уметност. Шарените костими на танчерите ги прославуваа култните италијански дизајнерски симболи, како познатите еспресо-кофејари „Мока“.

Повеќе локации, кратки патувања, блиску до спортските арени

За прв пат, церемонијата се одвиваше истовремено на четири места: Милано, Кортина д’Ампецо, Предачо и Ливињо.

Сите 2.900 спортисти од 92 земји влегоа токму на локацијата најблиску до нивните натпреварувачки арени — концепт дизајниран  за да се намалат патувањата и логистичкиот товар.

Германската делегација ја предводеа: во Милано — хокеарската ѕвезда Леон Драисаитл, а во Предачо — скијачката скокачката Катарина Шмид

Впечаток оставија и малиот јамајкански тим, кој настапи со танц на улиците во снежната Кортина, чешката делегација, позната по смело и разнобојно облекување, украинските спортисти, поздравени со долг и гласен аплауз

За прв пат, олимпискиот оган беше запален на две локации истовремено — кај Миланскиот Арка дела Паче и во центарот на Кортина.

Строги безбедносни мерки и политички тензии

Олимписките игри се одвиваат под зголемени безбедносни мерки: 6.000 полицајци и 2.000 воени лица ги обезбедуваат спортските населби и локации. Италија ги зајакна безбедносните прописи непосредно пред стартот на Игрите.

Демонстранти со плакати против ИЦЕ, американската имиграциска служба
Протести против присуството на службеници од американската имиграциска служба ИЦЕ, која е дел од безбедносниот протокол за заштита на американските спортисти

Паралелно со свеченоста, во Милано избувнаа протести – студенти протестираа против присуството на службеници од американската имиграциска служба ИЦЕ, која е дел од безбедносниот протокол за заштита на американските спортисти, но актуелните депортациски акции во САД поттикнаа остри реакции. Последните недели во Минеаполис се случија два вооружени инциденти поврзани со протести против миграционата политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата присуствуваше и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, близок политички сојузник и поддржувач на Трамп. Кога камерите го прикажаа Венс со сопругата, дел од публиката во „Сан Сиро“ реагираше со гласни свирежи.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која исто така присуствуваше, претходно го пречека Венс, нагласувајќи дека спортот и религијата се „вредности кои ги обединуваат  Италија  и САД, Европа и САД и западната цивилизација“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …