Отворено ново училиште во валандовското село Казандол

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денес оствари средба со директорот на рудникот за бакар „Бучим“ во Радовиш, Николајчо Николов. Министерот беше запознат со тековното работење на рудникот и потенцијалите кои тој ги има за проширување и натамошен развој. На средбата беше истакнато задоволството од скорешната  одлука на владина седница за проширување на капацитетите на рудникот.

Во склоп на својата посета на регионот, министерот Хасан оствари средба со раководството на  компанијата МАМ-Пром, компанија од текстилната индустрија која е корисник на Законот за финансиска поддршка и оваа година потпиша  анекс договор. Во рамки на посетата на компанијата, министерот се запозна со нејзиното секојдневно работење, нивните потреби и поставени цели за иднина.

Покрај овие средби, министерот Хасан денес присуствуваше на отворањето на новата училишна зграда на подрачното основно училиште „Цветан Димов“ во село Казандол, Валандово.  Координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Ајтекин Ајден во соработка со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов изградија нова училишна зграда, која нуди современи услови и високи стандарди за стекнување на образование.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …