ОУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

ОУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари го одбележа својот патрон празник

ООУ „Страшо Пинџур“ во населеното место Мало Коњари, денеска одбележува 103 години од раѓањето на својот патрон, како и 63 години од постоењето на  училиштето. Градоначалникот Илија Јованоски којшто присуствуваше на оваа свеченост, ја нагласи поддршката на Општина Прилеп во насока на создавање услови за непречена настава според европски стандарди во ова и сите други училишта. Тој ги поздрави присутните честитајќи им го јубилејот и посакувајќи многу успех во работата.

За патрониот празник учениците подготвија богата културна програма на која преку рецитали, драмски изведби, танци … го претставија живот и делото на народниот херој, Страшо Пинџур.

„Денеска се навршуваат 63 години од постоењето на  училиштето и 103 години од раѓањето на  нашиот патрон Страшо Пинџур. И денес ние се трудиме да постигнеме значајни резултати во сферата на воспитно-образовниот процес водејќи се од нашата визија и мисија да станеме познато рурално училиште што со своите образовни кадри  ќе конкурира на пазарот на трудот“, посочи Ирена Кироска в.д директор на ООУ „Страшо Пинџур“.

И Општина Прилеп и Министерството за образование и насока даваат поддршка на кадрите во училиштето, со цел нивно активно вклучување во реализирање на многу проекти,што ќе придонесат за подобрувањето на квалитетот на наставата и образованието на секоја генерација основци.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …