Горива бензини дизел

Паѓа цената на горивата, бензините поевтини за 2 денари, дизелот за 1

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари, а цената на дизелот се намалува за 1 денар

Од вечерва на полноќ, се намалуваат цените на горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе лини 75,5 денари .ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 77,5 денари, а литар дизел ќе чини 69,5 денари за литар.

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 69,5, а мазут М-1 НС – 39,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање …