Состојбите во македонскиот спорт, идентично како и во речиси сите сфери од општественото живеење, драматично се влошуваат.
Освен ретките успеси во индивидуалните спортови, резултатите кои македонските спортисти, спортски клубови и репрезентации ги бележат на меѓународен план, се далеку од посакуваните.
Она што особено загрижува е состојбата на спортските сали и терени и, генерално, на целата спортска инфраструктура.
Како дел од актуелната Влада веќе 20 месеци функционира и Министерство за спорт, кое со ништо не го оправда своето постоење и не придонесе за подобрување на условите за тренинг и натпреварување, како и постигнување подобри резултати на македонските спортисти и спортски клубови.
Впрочем, случувањата во прилепскиот спортски бренд ФК „Победа“, како и катастофалната состојба на спортските објекти во Прилеп, пред се’ на „Универзална“ сала и сала „Македонија“, се најдобра потврда за претходно кажаното.
Ова се дел од причините поради кои првата панел-дискусија на Комисијата за спорт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со наслов „Удар врз спортот“ денеска се одржа токму во Прилеп.
За овие теми, за состојбите во прилепскиот и македонскиот спорт говореа:
- Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер, професор по физичко и здравствено воспитување;
- Снешка Балова, поранешна репрезентативка во кошарка, професор по физичко и здравствено воспитување;
- Наумче Мојсовски, поранешен репрезентативец во ракомет и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт;
- Јане Николовски, поранешен голман на ФК „Победа“ и на македонската репрезентација.
Во своите излагања четворицата панелисти потенцираа:
- Од ветените 15 милиони евра, буџетот на Министерството за спорт е намален на само 5,4 милиони евра;
- Недостигаат јавни дебати со спортисти и спортски работници на кои би се одредиле критериуми за правична распределба на субвенциите;
- На сметка на сите останати спортски клубови во Македонија, финансиската поддршка на Министерството за спорт е насочена само кон 5-10 клубови;
- Власта го маргинализира училишниот спорт, училишните сали се руинирани а во огромен број училишта нив воопшто и ги нема;
- Повремените училишни натпреварувања се без прецизиран календар и со хаотичен распоред;
- Изостанува поддршката на талентирани млади спортисти од руралните средини, како и финансиска поддршка на децата од ранливите категории;
- Некогашната спортска гордост на Прилеп со кој се поистоветуваа прилепчани, ФК „Победа“, доведена е во безизлезна состојба;
- Со годишен буџет од 40 милиони евра, Општина Прилеп мора да покаже поголема одговорност и да издвои повеќе средства како за „Победа“, така и за останатите спортски клубови, онака како што тоа го прават другите општини – Битола, Охрид, Кавадарци…
- ФК „Победа“ не смее да згасне и во таа насока неопходно е прилепските стопанственици да покажат општествена одговорност.
Панел-дискусијата предизвика голем интерес кај присутните во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, кои со своите прашања, размислувања и коментари дадоа голем придонес за исклучително позитивните оценки на денешниот настан.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место


