Министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски во посета на повредените од пожарот. Иако тие носат маски, во огледалото е видливо дека едно од ПР лицата кои го носат со себе е без маска. | Фото: Влада на РСМ
Министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски во посета на повредените од пожарот. Иако тие носат маски, во огледалото е видливо дека едно од ПР лицата кои го носат со себе е без маска. | Фото: Влада на РСМ

Контраспин: Парадата на Мицкоски и Таравари низ болниците е чист популизам

Според кој закон премиерот и министерот за здравство имаат обврска да посетуваат пациенти во тешка состојба – и физичка и психичка, по онаква траорна несреќа како во кочанската импровизирана дискотека што министерот за внатрешни работи ја нарече штала? Простете, ама тоа е чист популизам, пишува Вистиномер

Според кој закон премиерот и министерот за здравство имаат обврска да посетуваат пациенти во тешка состојба – и физичка и психичка, по онаква траорна несреќа како во кочанската импровизирана дискотека што министерот за внатрешни работи ја нарече штала? Простете, ама тоа е чист популизам. Нема друго објаснување за парадата низ болниците кои не беа во состојба да им пружат адекватна нега на огромен број пациент, па за среќа државите од соседството, регионот и пошироко во Европа – од Грција до Шведска, ги отворија и срцата и вратите од нивните болници за да ни ги спасат децата, за што сме им бескрајно благодарни.

Министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање за посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат од тешки изгореници на Воено-медицинската академија во Белград, го искажа следниот спин: 

Не би сакал да ги политизираме овие моменти. За мене како министер за здравство, пред сѐ, и над сѐ, ми е битно пациентите да се живи и здрави во овие кризни моменти. Јас споделив уште пред неколку денови на социјалните мрежи дека не треба да се злоупотребуваат лицата на пациентите. Се надевам дека ние како Влада се придржуваме стриктно на ова, ги посетуваме пациентите. Сакам уште еднаш да кажам, и премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да одиме и да ги посетиме пациентите тие кои што се полесни. Тие кои што се полесни, односно опекотини од прв степен, не ни треба ништо друго освен маска, а тие што се на интезивна нега таму има правила и кај нас и во странство и да сакаме ние не можеме да влеземе без да бидеме облечени како што треба 

[Извори: Грид.мк;  ФБ МИА (од 8,40 до 9,53 минута од видеотоКурир – Датум: 19.03.2025]   

Контраспин: Министерот Арбен Таравари вели дека тој како министер за здравство и премиерот Христијан Мицкоски,  имале обврска да ги посетуваат пациентите повредени во стравотниот пожар во импровизираната дискотека во Кочани, што министерот за внатрешни работи ја нарече „штала“. Напоменува и дека за посета на оние пациенти кои имаат изгореници од прв степен не треба ништо друго освен маска, додека пак, за оние на интензивна нега има посебни правила. Министерот не сака да се политизира целата ситуација со несреќата во Кочани, но истовремено самиот спинува. 

Но, според кој закон премиерот и министерот за здравство имаат обврска да посетуваат пациенти? Особено пациенти во тешка состојба, и физичка и психичка, по онаква траорна несреќа како кочанската. Такви стриктни обврски на премиерот и министерот, барем ние не најдовме во прописите кои ја регулираат работата на премиерот и министрите. 

Да, таму има наведено дека премиерот раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа, дека министерот самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите, наредени се и куп други обврски – должности, ама нема ништо за тоа дека премиерот и министрите треба да се шетаат и да се сликаат по болници.   

Имаат обврска премиерот, министрите и останати носители на функции – не само овие, туку сите кои „продефилираа“ изминатите триесетина години, да ни обезбедат нормален, достоинствен живот, можност за лекување тогаш кога ќе притреба и да не ни се случуваат – повторуваат трагедии во кои горат живи луѓе. Во Кочани ни изгореа 59 деца кои излегле од дома за да се забавуваат, 178 се повредени од кои над 100 се префрлени на лекување странство во болниците од Грција до Шведска. И Таравари вели дека со премиерот имале обврска да ги посетат повредените. Простете, ама тоа е чист популизам. Нема друго објаснување за парадата низ болниците кои не беа во состојба да им пружат адекватна нега на огромен број пациенти, па за среќа државите од соседството, регионот и пошироко во Европа ги отворија  и срцата и вратите од нивните болници за да ни ги спасат децата, за што сме им бескрајно благодарни.

Нема човек во државата (и пошироко) кого не го допре трагедијата во Кочани, несомнено и премиерот и министерот сочувствуваат и се тажни поради целата ситуација. Човечки е да покажат грижа за повредените, па и „тивко“ без помпа да отидат во болниците (се разбира не мора баш во салите да се пикаат) за одблизу да се информираат за состојбата на пациентите. Ама нема потреба од тоа да се прави театар – снимање, фотографии, изјави за медиуми… Несомнено за една таква посета можеле да ја информираат јавноста и преку соопштение. 

Вака, најблаго кажано делува несоодветно, неумесно и неприкладно на колективната тага што ја зафати нацијата. 

И, колку за паралела како во еден нормален систем луѓе со интегритет во професијата се справуваат со болнички  упади од ваков тип, добро е да се погледне ова видео од  2011 година од тогашниот британскиот премиер Дејвид Камерон, кое деновиве се споделува на социјалните мрежи. 

Пишува: Оливера Војновска

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше …