Пари

Вести од светот на парите и финансиите.

БДП се зголемил за 13,1 проценти во второто тримесечје

БДП се зголемил за 13,1 проценти во второто тримесечје

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто. Според проценетите податоци на Државниот завод …

Прочитајте повеќе »

Бензините и дизелот од ноќеска ќе поскапат за еден денар за литар

бензин дизел бензинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти, информираат тие. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1 денар за литар, …

Прочитајте повеќе »

„Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг: Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата

министерство за финансии

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит …

Прочитајте повеќе »

Горивата поевтинуваат за еден денар

Горивата поевтинуваат за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука за поевтинување на горивата за еден денар во однос на досегашните цени. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1 денар/литар, во однос на малопродажните цени …

Прочитајте повеќе »

Издадена дваесеттата емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

Министерство за финансии

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 8 милиони евра, со којашто ќе се обесштетат сите оние со правосилни решенија за денационализација од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници. Средствата што се доделени преку обврзниците …

Прочитајте повеќе »

Бензините од ноќеска поскапуваат за 2 денари, дизелот за 3,5 денари

Бензинска станица

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто во однос на Одлуката од 26.7.2021 година. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната …

Прочитајте повеќе »

Обезбедени дополнителни средства за ваучери за туризам, над 3.500 граѓани со ниски приходи ќе добијат 12.000 денари за летување во домашните туристички капацитети

лого министерство за економија

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа …

Прочитајте повеќе »

Во ТИРЗ склучени договори за инвестиции во вредност од 105 милиони евра

Во ТИРЗ склучени договори за инвестиции во вредност од 105 милиони евра

Во првите шест месеци од годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) склучени се договори со вкупен обем на инвестиции од 105 милиони евра, покажува анализата за полугодишното работење на Дирекцијата за ТИРЗ. „Во процедура на формално одобрување влегоа два нови договора, за компанијата Дура, која ја проширува инвестицијата во …

Прочитајте повеќе »